Connect with us

Фудбал

Бледата Барселона не го искористи киксот на Реал Мадрид да избега на +15 (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона не го искористија поразот од Реал Мадрид за да избегаат на +15, бидејќи вечерва одиграа само 0:0 против Џирона.

Со овој бод Барса го зголеми водството на +13, што е единствената добра вест по ваквата игра на Камп Ноу. Чави извади прилично силен состав, иако повторно не можеше да смета на повредените играчи – Кристенсен, Де Јонг, Педри и Дембеле. Барса ја имаше иницијативата од самиот почеток, но не создаде доволно опасни и зрели шанси пред голот на противникот.