Connect with us

Кошарка

Блејк Грифин ги напушти Детроит Пистонс

Published

on

Блејк Грифин повеќе не е играч на Детроит Пистонс.

Шесткратниот играч на Ол Стар се согласи на откуп на договор со тимот од Детроит и од денес е слободен играч.

Грифин нема да биде долго време без тим. Интересот за неговите услуги е огромен, а во моментов опции се Клиперс, Лејкерс, Трејл Блејзерс и Вориорс.

Блејк сезонава има просек од 12,3 поени и 5,2 скока по натпревар, што е секако далеку од просекот во неговата кариера.

Поранешниот член на Клиперс има просек од 21,7 поени и 8,8 скока низ повеќе од 700 натпревари во кариерата.

Facebook