Connect with us

Фудбал

Бод сладок како победа, по 20 години пауза Њукасл ќе игра во Лига на шампиони

Фудбалерите на Њукасл ремизираа 0:0 на домашен терен против Лестер во 37. коло од англиската Премиер лига. Со ова реми „страчките“ и официјално се пласираа во Лигата на шампионите, првпат по сезоната 2002-03, додека последен пат во едно европско натпреварување играа во Лигата на Европа во 2012 година.

Њукасл имаше апсолутна иницијатива на теренот од самиот почеток на мечот, а домаќините пропуштија одлична прилика кон средината на вториот дел кога Гимараеш со глава ја погоди стативата. Лестер малку подоцна се охрабри и се закани во втората минута од судиското надополнување преку Каштање, но во таа прилика се истакна Поуп кој го одбрани цицерот.

На Њукасл му беше доволен бод за пласман во Лигата на шампионите, тимот на Еди Хау ја зазема третата позиција во Премиер лигата со 70 бодови, четири повеќе од петтопласираниот Ливерпул пред последното коло. Од друга страна, Лестер сега е првиот клуб „под линијата“ за испаѓање со 31 бод, два помалку од Евертон кој е во сигурната зона.