Кошарка
Богдановиќ ќе игра со Јанг и Рондо во Атланта Хокс

Србинот Богдан Богдановиќ и официјално играч на Атланта Хокс. Одличниот бек го напушти Сакраменто Кингс и за астрономски договор од 72 милиони долари се сели во редовите на Атланта.
По три години во Евролигата, Богдановиќ се пресели во најсилната кошаркарска лига на светот во сезоната 2017/18. Покажа дека е модерен играч со одлични плејмејкерски квалитети и шут за три поени.
Богдановиќ, минатата сезона, во просек по натпревар бележел 15,1 поени, 3,4 асистенции и 3,1 скок.
Како член на Сакременто Богдановиќ минатата сезона играше за годишна плата од 8 милиони долари.
loading...
