Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Кошарка

Богдановиќ откако направи НБА трансфер: Перо Антиќ многу ќе ми помогне!

Богдан Богдановиќ беше претставен како ново засилување на Атланта Хокс. Србинот си замина од Сакраменто Кингс. Тој му беше соиграч на Перо Антиќ во Фенербахче, и вели дека тоа што Македонецот играл таму и што му раскажувал за Аталанта, влијаело врз неговата одлука да го облече дресот на Хоукс.

„Имам пријател кој настапуваше за Атланта, Перо Антиќ. Заедно игравме во Фенербахче, беше многу возбуден кога му кажав дека можам да играм за Хоукс, ми помогна во носењето на одлуката. Знам дека беше тажен кога си замина од Аталанта и дојде во Турција“, изјави Богдановиќ.

Македонската кошаркарска легенда беше дел од НБА тимот во периодот 2013-12015. Потоа замина во Турција, каде играше покрај Богдановиќ, а ја заврши кариерата во Црвена Звезда пред две години.

loading...

Facebook