Кошарка
Богдановиќ замина од Сакраменто и ќе добие 72 милиони долари!
Богдан Богдановиќ конечно и официјално има нов клуб. Богдан Богдановиќ официјално е играч на Атланта Хокс. Српскиот репрезентативец потпишал четири годишен договор за 72.000.000 долари.
Интересно е што исто така прифатија да платат 15% од годишната заработка на Богдановиќ ако кошаркарот се одлучи на трејд во последната сезона, додека Богдан исто така има опција да го промени клубот после третата година од договорот.
Thank you, Bogi ??? pic.twitter.com/jSsAMt2aXP
— Sacramento Kings (@SacramentoKings) November 25, 2020
Атланта во преодниот рок покрај Богдановиќ ги донесоа ветераните Режон Рондо од шампионскиот тим на ЛА Лејкерс и Данило Галинари од Оклахома сити Тандер. Со Клинт Капела, Џо Колинс и младата ѕвезда Тре Јанг, Хокс оваа сезона ќе се борат за пласман во плеј-офот во Источната конференција.