Connect with us

Фудбал

Бока јуниорс ја тужи Барселона

Буенос Аирес, 19 октомври 2020 (МИА) – Претседателот на Бока јуниорс, Амор Амел објави дека е поведена судска постапка против Барселона, поради трансферот на дефанзивецот Сантијаго Рамос Минго.

Трансферот на 18-годишниот Аргентинец се случи во февруари 2020 година.

  • Ние ја тужиме Барселона во врска со случајот Рамос Минго затоа што веруваме дека имаме права. Она што се случи беше варварско и остави многу лош вкус. Постојат работи што не треба да се случуваат. Овој играч имаше потенцијал и огромен талент. Не мислам дека Барселона ќе земе играч кој нема шанси, нели? – вели Амел за „Марка“.

Барселона во моментов се соочува со финансиски проблеми и има барање до фудбалерите да се согласат на намалување на платите. зс/