Connect with us

Други спортови

Боксер убиен од сопствениот брат и тоа за 50 долари!

Боксерот Исаја Џонс беше убиен пред неколку дена во Детроит. 28-годишникот бил застрелан од неговиот брат Тимоти. Настанала расправија околу 50-те долари, а Тимоти потоа извадил пиштол и го застрелал Исаја.

Немаше помош за несреќниот боксер. Тој веднаш починал, а неговиот брат побегнал од местото.

Сепак, тој не успеа да стигне предалеку. Беше уапсен минатата среда и обвинет за убиство, поради што може да добие доживотен затвор.

Тренерот Рошаун Џонс се уште не може да поверува што се случи со неговиот боксер. Плачеше со денови.

„Бев скршен кога слушнав што се случи. Ова е голема трагедија, особено поради начинот на кој се случи“, изјави тренерот Џонс.

Тој добро го познаваше својот ученик. Тврди дека станувало збор за момче кое секогаш му било посветено на боксот, но и на семејството.

„Исаја работеше напорно. Беше целосно посветен на она што го прави. Силен човек и одличен татко“, рече Џонс.

Боксерската кариера на Исаја Џонс беше во голем пад. Доживеа пет последователни порази во изминатите години и беше на учинок од девет победи и седум порази.