Поврзи се со нас

Други спортови

Боксерски спектакл закажан за во декември!

Британскиот боксер Ентони Џошуа на 12 декември во Лондон ќе ја брани титулата светски шампион во тешка категорија во верзиите WBA, IFB и WBO против Бугаринот Кубрат Пулев.

-текстот продолжува по рекламата-

Пулев на својата страница објави дека ќе влезе во рингот со Џошуа во декември, на задоволство на сите љубители на боречките вештини.

„Официјално е: Пулев против Џошуа на 12 декември во Лондон. Датумот и местото на настанот се конечни. Нема враќање, нема одложување, нема ново назначување. Нека победи подобриот“, се наведува на веб-страницата на бугарскиот боксер.

-текстот продолжува по рекламите-

Не е наведено дали е планирано присуство на публика, бидејќи заштитните мерки заради пандемијата на коронавирусите сè уште се на сила.

Пулев се повлече од борбата со Џошуа во 2017 година поради повреда на рамото, но по три години конечно ја доби шансата.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама