Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Кошарка

Бол стана најмладиот играч во историјата на НБА што постигнал трипл-дабл

Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, се запиша во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој оствари трипл-дабл.

Ноќеска на мечот со Атланта, Бол постигна 22 поени, 12 скока и 11 асистенции. Играчот до ова достигнување дојде на возраст од 19 години и 140 дена.

 

Претходниот рекорд му припаѓаше на Маркел Фулц од Орландо кој двоцифрен ефект во три статистички категории имаше со 19 години и 317 дена.

Бол на теренот мина 31 минута и 11 секунди и беше еден од најзаслужните за победата на Шарлот со 113:105.

loading...

Facebook