Фудбал
„Болно е да се игра без навивачи“
Дефанзивецот на Барселона, Клеман Ленгле се надева дека навивачите ќе се вратат на трибините што е можно поскоро.
Дефанзивецот на Барселона, Клеман Ленгле вели дека е болно тоа што фудбалот ќе се игра некое време без гледачи.
Најсилните европски лиги ќе се вратат во наредните недели, но трибините ќе бидат празни.
Оваа одлука е донесена за одржување на здравјето и спречување на ширење на пандемија на коронавирус.
Сепак, францускиот дефанзивец се надева дека навивачите ќе се вратат на трибините што е можно поскоро.
„Недостатокот на навивачи не е позитивна работа за никого. Ние играчите сакаме да играме пред нашата публика. Не е забавно да се игра на празен стадион. Ќе биде навистина тешко и болно. Но, тоа мора да го прифатиме. Се надеваме дека луѓето можат брзо да се вратат на „Камп Ноу“ и на сите други стадиони “, изјави Ленгле за ТВ Мовистар.
Сезоната во Ла Лига ќе се врати на 11 јуни.