Connect with us

Тајмаут

Болт го сруши Интернетот со докази дека држел социјалната дистанца долго пред короната

Усаин Болт воодушеви на социјалните мрежи со оригинална честитка за велигденските празници.

Тој го честиташе на најголемиот христијански празник, но патем, додека во светот се шири коронавирусот, тој се присети на важноста на одржување на социјална дистанца, растојанието што мора да го имаме во однос на луѓето со кои се среќаваме за да не се пренесе коронавирусот.

Болт го сторил тоа на оригинален начин каде се пофали дека одржувал социјална дистанца повеќе од една деценија пред да се појави короната. Неговиот пост наскоро стана вирален.

Тој на Твитер објави фотографија од славната трка на 100 метри на Олимписките игри во Пекинг во 2008. Во тоа време, 21-годишниот Болт триумфираше и успеа да го сруши сопствениот светски рекорд.