Connect with us

Фудбал

„Бомба“, италијански гигант сака да го купи Бојан Миовски?!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра фантастично во тимот на Абердин во шкотската лига. Неговиот тим во моментов сенаоѓа на петтото место на табелата по 22 одиграни кола, а Миовски е прв стрелец во екипата или трет на вкупната листа во првенството со 11 голови.

Добрите партии на 23-годишниот Македонец секако не останаа незабележани од големите тимови. „Калчиомеркато“ спортскиот директор на Лацио, Игли Таре веќе почнал преговори со Абердин за трансфер на Миовски во Рим по завршувањето на оваа сезона. Наводно почетната сума која ќе ја понуди тимот од Рим е 2,5 милиони евра. Сепак, останува да се види дали ќе биде прифатена оваа понуда, која во денешни услови е многу мала, а воедно ако се знае дека два клуба од Премиер лигата наводно се интересирале за неговите услуги.