Фудбал
„Бомба“ од Каталонија, Лаутаро од Интер ќе извиси, Барселона во преговори со напаѓач
Лаутаро Мартинез се чини дека ќе извиси во желбата да се пресели во Барселона. Поради кризата со коронавирусот Барселона нема пари да му исплати на Интер 111 милиони евра, бидејќи се чини дека приоритет број еден е Миралем Пјаниќ од Јувентус.
Поради тоа каталонскиот тим се врти кон поевтината варијанта. Како „бомба“ шпанските медуми ја пренесоа веста дека агентот на Единсон Кавани седнал на маса со претставниците на Барселона. Тој по завршувањето на сезоната е слободен играч, па за НУЛА евра ќе дојде во Барса.
![]()
Остануваат само да се преговара за висината на неговата годишна плата. Според информациите тој бара 10 милиони, исто колку што побарал на Интер и Атлетико Мадрид, но овие два клуба немаат финансиска моќ тоа да го платат. Останува да се види дали Барселона ќе може да го понесе тој „товар“ или ќе успее да издејствува помала сума.