Фудбал
„Бомба“ од Турција-Најголемиот ривал на Фенербахче го сака Елиф Елмас, Фатих Терим дал „зелено светло“
Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас не се изнаигра премногу во дресот на Наполи, особено откако тренер на оваа екипа стана Џенаро Гатузо. Сепак, информациите од Италија велат дека челните луѓе, но и тренерот се задоволни од неговиот ангажман, па ќе добие нов збогатен финансиски договор.

Но, неколку турски медиуми утрово лансираа вест дека Галатасарај сака да го донесе Елиф Елмас во своите редови. Наводно, тренерот Фатих Терим веќе дал „зелено светло“ за такво нешто. Идејата на Галатасарај е да го убедат Наполи, но и Елмас да дојде во Истанбул на едногодишна позајмица.
Останува да се види дали ќе се одлучи Џенаро Гатузо да го ослободи 20-годишниот играч за врска.
Инаку, Елмас од Фенербахче, најголемиот ривал на Галатасарај, во 2019-та се пресели во Наполи.