Connect with us

Фудбал

БОМБА: Србија добива тренер во Премиер лигата!

Славиша Јокановиќ сака да се врати во Премиер лигата.

Последниот ангажман го имаше на Островот во Фулам, а лондонскиот тим го напушти во првата сезона откако се врати во елитниот ранг на англискиот фудбал. После тоа, тој одлучи да ја прифати поканата на катарскиот Ал-Гарафа, каде се наоѓа од 2019 година.

Како што се наведува, Јокановиќ нема да го продолжи договорот со овој клуб, туку ќе ги разгледа сите понуди што пристигнуваат од Островот.

Тој неодамна беше на радарот на Вест Бром, Шефилд Венсдеј, Кардиф и Дерби, меѓутоа, не беше постигнат договор.

Да потсетиме, покрај Фулам, Јокановиќ воведе уште еден клуб во Премиер лигата. Тој ја освои промоцијата во 2015 година со Ватфорд.