Connect with us

Фудбал

„Бомба“: Трајковски би можел кај Пандев во Џенова

Познато е дека Александар Трајковски во последен период не добива голема минутажа во Мајорка. Поради тоа се чини дека дојде време за разделба. Како опција се спомнува Џенова. Големи се шансите Трајковски да дојде кај Пандев. На македонскиот напаѓач му се допаднала идејата, а неговииот менаџер го понудил на тимот за кој игра нашиот капитен. Освен на Џенова, Трајковски е понуден и на Монца.

Трајковски од 2019-та е во Мајорка, каде дојде од Палермо. Ова ќе биде практично негово враќање во Италија. Како што е познато, Трајковски имаше солидна епизода во Палермо. Одигра 106 мечеви и постигна 16 голови.