Connect with us

Фудбал

„Бомба“ во Косово: Стигнува Роберто Карлос?!

Репрезентацијата на Косово остана без селектор, а според пишувањата на медиумите селекторската позиција би можел да ја преземе легендарниот Роберто Карлос.

Неговиот последен ангажман беше во Делхи Динамос од Индија во 2015 година. Пред тоа работел во два турски клуба. Сепак, со оглед на малиот ангажман, навивачите во Косово не се убедени дека тој има доволно искуство да направи големи работи со репрезентацијата.

Бразилецот се стекна со слава како играч во Реал Мадрид, каде одигра 370 натпревари и постигна 47 голови.

Косово е на последното место во групата Б со само четири бода во квалификациите за пласман на СП. Лидер на оваа група е Шведска, Шпанија е на второ место, потоа Грција и Грузија.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама