Connect with us

Фудбал

„Бомба“ во најава: Клоп го враќа Луис Суарез

Дел од англиските медиуми објавија вест дека уругвајскиот напаѓач Луис Суарез по завршувањето на оваа сезона би можел да се врати во Ливерпул. Наводно Јурген Клоп го сакал во своите редови, па наскоро се очекува да биде испратена понуда за Атлетико Мадрид.

Суарез во Ливерпул играше од 2011 до 2014 година, на 133 натпревари постигна 82 гола и 47 асистенции.

Медиумите велат дека за да се случи ова треба да замине Мухамед Салах, кој подолго време изразувал незадоволство и желба за промена на средината.