Фудбал
Бомбата на Пеп не е Пакета, туку пристигнува од Лондон, цената е 80.000.000!
Пеп Гвардиола е многу решен да ја засили офанзивата, а по неуспешното доаѓање на Лукас Пакета, нова мета е Еберечи Езе. Англиските медиуми тврдат дека скаутите на Сити веќе некое време го следат Езе, дека ги добил сите високи оценки, а особено експлодирал на почетокот на оваа сезона. Сити нема да жали за парите, наводно ќе плати 80 милиони евра за 25-годишниот Езе, а тешко дека Кристал Палас ќе успее да го задржи.
Езе може да игра како офанзивен играч за врска или лево крило, па би се вклопил во различните планови на Пеп Гвардиола. Сити ги доведе Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол, додека Џереми Доку ќе биде официјализиран до крајот на денот или најдоцна утре. Со Езе преодниот рок на „Етихад“ ќе завршеше со голем стил.