Connect with us

Фудбал

„Бомбата“ во Барселона наречена Гризман

На Антоан Гризман не му е јасно зошто добива таков третман од страна на тренерот Кике Сетиен. На последниот меч доби само две минути, иако е донесен пред една сезона како големо засилување платено 120 милиони евра,

Французинот е единствениот од напаѓачите на Барселона кој е ротиран и тој се повеќе се вознемирува поради тоа.

И покрај тоа што се чувствува фрустрирано поради малата минутажа, молчи со цел да не предизвика повеќе контроверзии во клучниот момент во трката за титулата.

И покрај проблемите со кои се соочува последниве недели, 29-годишниот играч сака да остане на „Камп Ноу“ и не планира да замине во скоро време.

Фактот дека деновите на Сетиен можеби се одбројани, исто така, придонесува за неговата желба да остане во Барселона.

-Секогаш треба да го имате Суарез на теренот, исто така и Лео, не е лесно да се најде место за Гризман, без да се дестабилизира тимот, изјави Сетиен.

Но, иако Гризман  молчи, сепак неговото семејство не. Се огласи неговиот татко преку социјалните мрежи критикувајќи го Кике Сетиен. Се огласи и неговиот брат.

„Сакам да плачам, сериозно. Две минути …“, напиша братот на Гризман на Твитер по мечот против Атлетико Мадрид.

Иако на сите им е јасно дека Гризман не е третиран како што треба во Барселона, сепак тој продолжува напорно да работи и да молчи. Но, ако се знае дека и порано имал проблеми со Лионел Меси, кој се прашува практично за се во Барселона, останува да се види кога оваа „бомба“, наречена Гризман ќе експлодира.

Последните информации од Шпанија велат дека Гризман преку неговиот менаџер барал итен состанок со раководството на Барселона. За исходот веројатно брзо ќе се дознае, а причината е очигледна.