Connect with us

Фудбал

Бонавентура и Биглија добија потврда од Милан дека нема да добијат нови договори

Челниците на Милан направија големи промени на крајот на сезоната, во однос на играчите.

„Росонерите“ сакаат да се вратат во самиот врв на европскиот фудбал по неколкуте сезони за заборав. На „Сан Сиро“, се подготвени да вложат големи пари на засилувања, но јасно е дека треба прво да направат место во составот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сигурно ќе продаде неколку играчи ова лето, а во прилог им оди и фактот што на некои играчи ќе истечат договорите на крајот од оваа сезона.

„Gazzetta dello“ Sport пишува дека челниците на Милан веќе разговарале со Лукас Биглија и Џакомо Бонавентура, на кои договорите им истекуваат ова лето, и порачаа дека нема да им биде понуено продолжување на соработката.

Биглија и Бонавентура ќе бидат слободни агенти во текот на летото и ќе можат да преговараат со другите клубови. Бонавентура до сега има одиграно 17 натпревари оваа сезона, додека Биглија има одиграно само седум натпревари.