Поврзи се со нас

Кошарка

Бонер во Охрид, веќе го одработи и првиот тренинг

Охрид, 7 ноември 2020 (МИА) – Американката со македонски пасош, Девана Бонер и се приклучи на македонската женска кошаркарска репрезентација која се наоѓа на подготовки во Охрид.

Бонер со едeн ден задоцнување, поради лошите авио-конекции од САД до европскиот континент, пристигна во Охрид.

  • Таа во хотелот „Тино“ беше пречекана како што доликува на една ѕвезда од WNBA лигата. Комплетното раководство на нашата федерација, предводено од претседателот Перо Антиќ, и посака добредојде на извонредната кошаркарка, трикратен шампион во најсилната лига на светот, која ќе биде дел од ноемврискиот квалификациски циклус. Односно „балонот“ кој во периодот од 12 до 14 ноември, ќе се игра во главниот град на Летонија – Рига, соопшти КФСМ.

Бонер го одработи утринскиот тренинг во СРЦ „Билјанини извори“, се запозна со своите нови, репрезентативни соиграчи, но и со плановите на селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамјановски и Александар Ашаданов.

Македонските кошаркарки ќе тренираат во Охрид до недела, по што следува враќањето за Скопје и подготвки за патувањето кон Рига. Во Скопје ќе ги чека капитенот Анџелика Митрашиновиќ, а планирано е и приклучувањето на Софија Лазареска која имаше натпреварувачки обврски со нејзиниот клуб од Италија. зс/

loading...

Facebook