Фудбал
Бонучи го тужи Јувентус
Леонардо Бонучи (36) ќе го тужи својот поранешен клуб Јувентус, каде настапуваше од 2010 година. Поранешниот капитен ќе го тужи клубот од Торино поради немање соодветни услови за тренинг, оштетување на неговиот имиџ и повреда на професионалните права, пишуваат италијанските медиуми.
Целата добивка од потенцијалната судска победа ќе биде донирана во хуманитарната организација Неуроланд, која им помага на семејствата на децата хоспитализирани во Торино. Да потсетиме, Бонучи летово замина во германскиот Унион Берлин. На почетокот на сезоната Јувентус му ја одзеде капитенската лента, а потоа го исфрли од тимот и го принуди да замине во Германија.
Бонучи дојде во Јувентус во летото 2010 година од Бари за 15,5 милиони евра. Брзо стана еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа, а во сезоната 2017/2018. играше за Милан кој му плати 42 милиони евра. Следната сезона за 35 милиони евра се врати во торинскиот клуб со кој во кариерата освои осум титули во италијанскиот шампионат.