Connect with us

Фудбал

Бонучи: Роналдо се врати од карантинот во совршена физичка форма

Леонардо Бонучи призна дека останал без зборови од физичката состојба на Кристијано Роналдо по враќањето од карантинот, велејќи дека неговиот соиграч се вратил во совршена физичка состојба на тренинзите во Јувентус.

Италијанскиот фудбал беше стопиран на 9 март поради пандемија на коронавирус, високо заразен вирус кој досега уби повеќе од 400.000 луѓе ширум светот.

Фудбалерите на клубот во Серија А беа принудени да се изолираат во согласност со новите закони на владата во врска со одржувањето на социјалната дистанца два последователни месеци.

Но, сега со олеснување на рестриктивните мерки по остриот пад на случаите со „Ковид-19“, италијанските клубови добија зелено светло за тренинг во групи во нивните тренинг центри.

Јувентус се подготвува да се врати на терените на 12 јуни, во возвратниот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија против Милан.

Бонучи вели дека Роналдо се вратил во клубот во иста физичка форма што ја имал пред пандемијата.

„Како го најдов? Исто како што го оставив. Тој е супер спортист, одличен професиионалец. Тој ми кажа што направил за да ја одржи состојбата за време на карантинот “, рече Бонучи за Роналдо.

„Добар е. Тој е шампион, од сите гледишта “, додаде тој.