Други спортови
Борачот Нуров и донесе златен медал на Македонија (ВИДЕО)
Могамедгаджи Нуров (борење-слободен стил) го освои златниот медал на Медитеранските игри ОРАН 2022, во Алжир.
Тој во прекрасна и доминантна борба го победи најдобриот турски борач Фејзула Актурк со резултат 4:3 и го освои златниот медал на МИ ОРАН 2022 со што го одбрани златниот медал од Медитеранските игри 2018 (Тарагона, Шпанија).

Нуров, кој е Олимписки стипендист на МОК и кој освои бронзен медал на Светското првенство во Нур-Султан (Казахстан) во 2019 година, во овој момент е еден од тројцата најдобри борачи во светот, со сигурност ќе атакува на медал на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.
Претходно, но во друга дисциплина, првиот медал за Македонија на Медитеранските игри го донесе исто така борач, Владимир Егоров кој освои бронза.