Connect with us

Фудбал

Бордо не попушти пред шампионот

Лил ремизираше 0-0 со аутсајдерот Бордо во натпревар од 30. коло на Лига 1. Во 35. минута Енох Кватенг направи прекршок и доби втор жолт, односно црвен картон, оставајќи ги гостите во намален состав.

Шест минути по паузата, шутот на Џонатан Бамба ја погоди гредата на вратата на Бордо . До крајот на натпреварот „кучињата“ се обидоа со сериозен притисок, но не успеаја да ја искористат бројната предност.

Шампионот од 2021 година Лил е шести во досегашниот поредок со 47 бодови, додека Бордо има 23 бода на 20. место.

Во недела лидерот во поредокот Пари Сен Жермен ќе игра на домашен терен против Лориен .