Connect with us

Фудбал

Борец ја совлада Шкендија, Силекс со минимална победа над Македонија ЃП

Изненадувачки пораз денеска доживеа екипата на Шкендија, каде на гостувањето кај Борец беше поразена со 4:2.

Домашната екипа го отвори резултатот во 12. минута од натпреварот со голот на Радовиќ.

Истиот играч во 40. минута од натпреварот го зголеми водството на Борец на 2:0, а екипите со овој резултат заминаа на пауза.

Второто полувреме ни донесе четири голови. Борец успеа да дојде до висока предност од 4:0 со головите на Силва во 72. минута и Прелчец во 78. минута од натпреварот.

Шкендија успеа само да ја намали гол разликата и да го ублажи поразот. Прво во 80. минута, а потоа и во 90. минута од натпреварот прецизен беше Алими и ги постави конечните 4:2 на оваа средба.

Силек на домашен терен ја совлада Македонија ЃП со минимален резултат.

Единствениот гол на средбата го постигна Ивановски во 9. минута од натпреварот.