Connect with us

Други спортови

Борис Бекер ја помина првата ноќ во злогласниот затвор: „Нема никаква привилегија“

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор.

Причината поради која легендарниот германски тенисер треба да одлежи затворска казна е обидот да сокрие пари и други вредни предмети вредни дури два и пол милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови.

Според германските медиуми, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ не се чувствувал добро кога ја слушнал конечната пресуда, му се слошило и редарите го извадиле од судницата.

Тој е сместен во Вандстворт, најголемиот затвор во Велика Британија, а според германски Билд, тој нема никакви привилегии без разлика на славата што ја има.

Бекер, меѓу другото, сокрил информации за поседување на неколку вредни имоти во Германија и Лондон. Не ги предаде ниту своите вредни трофеи, освоени во текот на кариерата, за да ги подмири обврските. Ова се трофеите за освојување на Вимблдон, Австралија опен, како и златниот олимписки медал од Барселона. Сепак, Бекер силно тврдеше дека не го прекршил законот.

Судот во Лондон имал поинакво мислење и го прогласил за виновен, па завршил во затвор.

Германските новинари открија како изгледала првата ноќ на Бекер во затвор во кој нема никакви привилегии.

„Му беше дозволено да оствари само еден телефонски повик“, објави Билд, тврдејќи дека на Бекер нема да му биде лесно во затвор со ригорозни правила и познат по своите застрашувачки чувари.

Славниот Германец во најдобар случај може да го напушти лондонскиот затвор за 15 месеци, доколку е примерен затвореник, а сепак има право на жалба.