Connect with us

Тајмаут

Борис Бекер на одмор со млада девојка, екс сопругата со брутална порака

Славниот поранешен тенисер Борис Бекер е во врска со доста помладата Лилиан Де Карваљо. Фотографиите од одморот се појвија на интернет, а по тој повод се огласи и екс сопругата на Бекер, Лили, која нималку не беше љубезна кон неговата нова девојка.

Преку твитер таа порача:

-Дозволи да ти го кажам ова на начин на кој сигурно ќе разбереш. Во текот на корона периодот, ти си втора девојка во седум месеци која на мојот син подготвува доручек, пица, палачинки. Застани девојко. Како мајка, те молам да го почитуваш мојот син и да се тргнеш на страна. Фотографирај се, тргни ги рацете и уживај во одморот со Борис Бекер. Покажи го твоето совршено тело, но те молам подалеку од мојот син.

Сепак, интересно е тоа што набрзо потоа Лили го тргнала овој пост.

Лили и Борис се разделија пред две години, а тениската легенда од тогаш смени еден куп девојки.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com