Connect with us

Фудбал

Борусија Дортмунд е блиску до засилување од ПСЖ!

Како и многу европски клубови, Борусија Дортмунд веќе работи на засилување за следната сезона, иако оваа сезона сè уште не заврши.

Доколку може да му се верува на она што го пишува италијански „Tuttomercatо“, нов фудбалер на Борусија треба да стане Томас Муние кој ќе дојде од ПСЖ бесплатно.

Белгискиот дефанзивец веќе донесе одлука да го напушти Париз на крајот на сезоната по неуспешните преговори, а тоа најдобро ќе го искористат „Милионерите“.

Бидејќи Реал Мадрид реши да го врати Хакими, Борусија ќе мора да бара нов десен бек, а изборот падна на 28-годишниот Белгиец.

Муние, кој е член на ПСЖ од 2016 година, го бараа и неколку клубови од Италија, особено Јувентус, но се чини дека Борусија ја доби битката за неговиот потпис.