Фудбал
Борусија Дортмунд не е тим, туку болница, дури 11 повредени играчи
Борусија Дортмунд во моментов е на второто место во табелата во Првата Бундес лига. Тимот не ги крие амбициите за шампионската титула. Сепак, ова ќе биде тешко со оглед на тоа што во составот има дури 11 повредени играчи, кои се надвор од сметките на Един Терзиќ.
Повредени се голманот Кобел, дефанзивците Гереиро, Мори, Камара, играчите од средниот ред Јозџан, Дауд, Ројс, Бренд и напаѓачите Алер, Бино-Гитенс и Мукоко.
Некои од нив ќе отсуствуваат подолго како Себастиен Алер.

Ова се големи проблеми за Борусија Дортмунд во пресрет на натпреварите од Лигата на шампионите со Севиља, како и големото дерби со Баерн на 8 октомври.