Фудбал
Борусија Дортмунд сама си е виновна, Баерн Минхен е повторно шампион, драмата решена во последното коло (ВИДЕО)
Борусија Дортмунд остана без титула во Германија, а за тоа се сами виновни. Во последното коло им требаше победа против Мајнц, но на домашен терен ја прокоцкаа шансата играјќи 2:2. „Милонерите“ губеа со 2:0 по првиот дел, но успеаја до крајот да израмнат, сепак тоа не беше доволно, бидејќи Баерн Минхен како гостин славеше со 2:1 кај Келн. Со ова Баварците ја освоија 11-тата круна во низа. Претходно две сезони токму Борусија Дортмунд ја прекина доминацијата на Баерн освојувајќи ги титучите во 2010–11, 2011–12.