Connect with us

Фудбал

Борусија (Дортмунд) со четвртото засилување за новата сезона

Борусија (Дортмунд) го претстави четвртото ново засилување за следната сезона. По Никлас Зуле , Нико Шлотербек и Карим Адееми , клубот потпиша долгорочен договор и со турскиот репрезентативец Салих Озџан од тимот на Келн . Договорот на 24-годишниот одбранбен играч за врска е на 4 години, а според медиумите сумата за трансфер е 5 милиони евра.

„Салих е еден од најпрогресивните играчи минатата сезона во Бундеслигата и беше важен за добрите перформанси на неговиот поранешен тим. Тој е физички силен и во боречките вештини. Тој дава се од себе за успехот на тимот. Мислам дека со своите квалитети ќе му помогне многу на нашиот клуб“, коментираше спортскиот директор на Борусија Себастијан Кел.

Роден во Келн, Озџан играше за германската репрезентација во јуниорите, но во март годинава реши да ја облече турската репрезентација и веќе дебитира за тимот. Во 2017 година ја освои наградата за најдобар млад фудбалер на годината, а во 2020 година забележа силен настап за младата репрезентација на Германија до 21 година на Европското првенство.

„Келн е клубот во кој пораснав и му должам многу. Би го напуштил клубот и градот за неколку екипи. Можноста што ја имам со Дортмунд да играм во Лигата на шампионите ме натера да донесам одлука. Среќен сум што можам да се развивам и да играм пред повеќе од 80.000 луѓе на стадионот. Се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот. Амбициозен сум и ќе дадам се од себе за оваа цел“, изјави Озџан за клупскиот сајт на Борусија.

Сепак, тимот се уште нема главен тренер по отказот на Марко Роуз пред неколку дена.