Фудбал
Борусија го комплетираше трансферот на играчот на ПСЖ
Борусија Дортмунд го комплетираше првото засилување за следната сезона.
Поранешниот репрезентативец на Франција, Жером Ротен, кој сега работи како новинар во „РМЦ“, вели дека нов член на германскиот тим е Томас Муние.
Одличниот десен бек наводно веќе завршил сè со Борусија и веќе има потпишано договор, а наскоро сè ќе стане официјално.
Белгискиот десен бек стана член на ПСЖ во 2016 година. Тој пристигна од Клуб Бриж, но стана стандарден член на тимот.
Во изминатите четири сезони Муние има одиграно вкупно 121 натпревар за францускиот шампион и има постигнато 13 гола.
Фактот дека Борусија го носи Муние во своите редови веројатно значи враќање на фантастичниот Ашраф Хакими во Реал Мадрид, што го објавија „кралевите“ претходно.
Сепак, замената за него во ликот на Муние е доста добра и нема дилема дека 28-годишниот фудбалер ќе има што да покаже во Борусија.