Connect with us

Кошарка

Бостон го детронира Торонто, Денвер ги изненади Л.А. Клиперс

Орландо, 12 септември 2020 (МИА) – Кошаркарите на Бостон го детронираа Торонто и по 92:87 во решавачкиот 7-ми натпревар, ја затворија серијата со 4-3 и ги елиминираа шампионите на НБА.

Селтикси извлекоа успех во тешката битка за пласман во конференциското финале против Мајами Хит во обид да стигнат до својата прва борба за титулата од 2010 година.

Џејсон Тејтум постигна 29 поени, Џејлен Браун додаде 21, а Бостон немаше свој ден ниту при шут од тројка (9/38) ниту од слободни (13/23). Сепак, „детелините“ победија.

Тие се „одлепија“ со 10 поени во последната четвртина, која започна со само поен предност за нив. Репторс се доближија на 89:87 и имаа шанса да израмнат, но Маркус Смарт го запре Нормал Пауел со монструозен блок на помалку од една минута пред крајот.

Тогаш беше фаулиран Грант Вилијамс, но ги промаши двата удари од пенал линијата. Сепак, Џејсон Тејтум се избори и по фаул, погоди само еднаш од линијата. Промашување на Фред ван Флит од дистанца го запечати поразот на Торонто, а Кемба Вокер реши сè со удар од линијата за слободни.

Во меѓувреме, на Запад, Денвер неочекувано го совлада Л.А. Клиперс со 111-105 и ја намали разликата на 3-2 во победи. Пол Милсап постигна 14 од своите 17 поени во третата четвртина, во која Нагетс губеа со 15, но се вратија во игра.

Во последниот дел направија серија од 14:2 за да поведат со 94:88, и при 102:100 Мајкл Портер постигна клучна тројка на нешто повеќе од една минута пред крајот за да обезбеди триумф. Џамал Мареј постигна 26 поени, а Никола Јокиќ додаде 22 и 14 скока.

Каваи Ленард запиша 36 за Клиперс, кои ќе мора да чекаат уште малку за своето прво конференциско финале во историјата.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com