Поврзи се со нас

Кошарка

Бостон намали на 2:1 во серијата со Мајами

Орландо, 20 септември 2020 (МИА) – Кошаркарите на Бостон одговорија соодветно по двата последователни порази од Мајами и се вратија во серијата по 117:106, намалувајќи ја разликата на 1-2.

Селтикси не заостануваа во ниту еден момент од мечот и успеаа да остварат одлична победа за да ги вратат своите надежи за пласман во финалето на НБА.

Откако по претходниот натпревар ги зафатија емоциите и имаше скандали во соблекувалната, овојпат Келтите играа напорно од самиот почеток за да постигнат успех и да покажат дека се обединети.

Џејлон Браун постигна 26 поени, а Џејсон Тејтум додаде 26 и 14 скока. Кемба Вокер и Маркус Смарт се истакнаа со 21, односно 20 поени, а Гордон Хејворд се врати откако беше отсутен повеќе од еден месец поради проблем со глуждот.

„Жешките“ се обидоа со нов пресврт по серијата од 24: 9 во последната четвртина, но овој пат не успеаја да триумфираат. Тие се приближија на 109: 104, но тоа беше максимумот откако дозволија премногу големо заостанување во резултатот.

Бам Адебајо постигна 27 поени, Тајлер Хироу помогна со 22 од клупата, но Горан Драгиќ остана со само 11.

Advertisement

Facebook

Реклама