Други спортови
Ботас е најзаслужен за двојната титула на Мерцедес
Првиот човек во гаражата на Мерцедес, Тото Волф, по завршената сезона во Формула 1, изрази големо задоволство од вториот возач на тимот, Финецот Валтери Ботас и неговите заслуги во освојувањето на двојната круна.

Ботас не успеа да слави на трка во 2018 година, додека Хамилтон со 11 победи ја освои својата петта шампионска титула.
Како што рече самиот Волф, Ботас бил „алфа“ возачот сезонава за нив, со чија помош Мерцедес бил незаприлив.
- За да го имате вистинскиот баланс во еден тим со двајца одлични возачи, мора да имате алфа возач. Валтери беше фантастичен, дури и со неговата лоша среќа во трките, тој никогаш не дозволи тимскиот дух да се спушти на ниско ниво и не одржаваше на високо ниво. Валтери до крајот на сезоната не држеше позитивно и високо горе на едно посебно ниво и место. Поради него ние сега славиме двојна титула, искоментира Тото Волф.
Ова буквално меѓу редови е благодарница за Финецот поради тоа што во голема мера од сезоната го опструираше Ферари, посебно на Себастијан Фетел. Притоа, Ботас во неколку наврати му дозволи на својот клупски колега лесно да го мине за што повеќе бодови кои му донесоа многу помирна завршница во борбата на Хамилтон против второпласираниот Германец.
Следната сезона во „октанскиот циркус“ ќе се возат 21 трка, а традиционално стартува со Големата награда на Австралија на патеката „Мелбурн парк“, која е на програмата на 17 март.