Поврзи се

Други спортови

Ботас го постави темпото на вториот ден од тестовите во Барселона

На патеката „Каталуња“ во Шпанија, тимовите и пилотите го започнаа вториот ден од предсезонските тестови во Формула 1. Со најдобро време заврши пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, пред Стофел Вандорн со Мекларен.

„Сребрената стрeла“ го подобри постигнувањето на новиот портокалов Мекларен за 0.055 секунди и забележа најмногу кругови од сите – вкупно 43. Себастијан Фетел направи 30 обиколки со Ферари и заврши трет на табелата, а четврти остана Карлос Сајнц со Рено.

Дебитантите Сергеј Сироткин и Шарл Леклер исто направија над 30 кругови за Вилијамс и Заубер, додека Кевин Магнусен со Хас и Макс Верстапен со Ред Бул го поминаа поголемиот дел од времето во своите пит-стопи. Верстатан дури и не успеа да запише време поради технички проблем.

Нико Хулкенберг и Роберт Кубица ќе седнат во автомобилите на местото на нивните колеги во попладневните часови за Рено и за Вилијамс. Валтери Ботас нема да му го препушти болидот на Луис Хамилтон, бидејќи тимот сметаше дека е подобро да се продолжи она со кое е започнато во првата сесија.

Предсезонски тестови во Ф1, патека „Каталуња“, ден 2:

1. Валтери Ботас (Мерцедес) 1: 20.270 минути, 43 круга
2. Стофел Вандорн (Мекларен) 1: 20.325 минути, 28 круга
3. Себастијан Фетел (Ферари) 1: 21.341 минути, 30 круга
4. Карлос Сајнц Џуниор (Рено) 1: 22.424 минути, 17 круга
5. Сергеј Сироткин (Вилијамс) 1: 22.844 минути, 37 круга
6. Естебан Окон (Форс Индија) 1: 22.907 минути, 20 круга
7. Пјер Гасли (Торо Росо) 1: 24.488 минути, 31 круга
8. Шарл Леклер (Заубер) 1: 24.495 минути, 38 круга
9. Кевин Магнусен (Хас) 1: 42.276 минути, 6 круга
10. Макс Верстатин (Ред Бул) без време, 3 круга.

ФОТО

loading...

Повеќе од Други спортови