Други спортови
Ботас го претекна Верстапен и стигна до пол-позиција, Хамилтон се „проби“
Вечерва на патеката Интерлагос во Сао Паоло се одржа квалификациски спринт пред трката за Големата награда на Бразил – најбрз по 24 круга беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој го престигна Макс Верстапен на стартот и триумфираше во спринт трката по втор пат во кариерата со што стигна до пол-позицијата.
На тој начин три бода освои и Ботас, а бодови во квалификациите освоија и Макс Ферстапен (2) и Карлос Саинц од Ферари (1).
Луис Хамилтон во недела ќе стартува од десеттата позиција – во спринтот беше петти, но претходно беше казнет со пет места поради промени на моторот.
Valtteri Bottas wins his second #F1Sprint!
He took the lead ahead of Max Verstappen from lights out and held him off to take the ?#BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/Xf3aKsVomR
— Formula 1 (@F1) November 13, 2021
Времето кое му требаше на Финецот за да победи во спринтот беше 29:09.559, а Верстапен стигна до целта со 1.170 секунди заостанување. По првиот свиок на Верстапен, кој започна прв, Ботас и Саинс го претекнаа, но до крајот Ферстапен успеа да стигне до втората позиција. Ботас беше одличен во одбраната и не му го предаде првото место на Холанѓанецот.
На четвртата позиција се најде соиграчот на Верстапен , Серхо Перез, а Хамилтон со одлична серија успеа да се пробие од последната до петтата позиција. Последниот возач кој беше престигнат од офанзивниот Хамилтон беше шестопласираниот Ландо Норис , а во првите десет се најдоа Шарл Леклер , Пјер Гасли , Естебан Окон и Себастијан Фетел .
Solid defence from @ValtteriBottas ?
All-out attack from @LewisHamilton ⚔️#BrazilGP ?? #F1Sprint pic.twitter.com/20x2Fa6Tk2— Formula 1 (@F1) November 13, 2021
Ова беше 20. пол-позиција во кариерата за Ботас, кој в недела ќе се бори во Сао Паоло за да стигне до 11-та победа во кариерата. Сепак, најголем број навивачи ќе ги интересира пресметката на двајцата кандидати за титулата шампион – првопласираниот во генералниот пласман Верстапен и актуелниот шампион Хамилтон.
Спринт квалификациите беа на програмата вечерва од 20 часот и 30 минути, а трката за ГП на Бразил ќе се вози в недела од 18 часот.
На четири трки пред крајот на шампионатот Макс Верстапен е лидер со 314,5 бодови, Луис Хамилтон има 293,5.
How they crossed the line in an action-packed #F1Sprint in Brazil!#BrazilGP ?? #F1Sprint pic.twitter.com/I2OBlBbSWa
— Formula 1 (@F1) November 13, 2021