Кошарка
Брајант ја прегрнувал својата ќерка во последните секунди од нивниот живот
Во последните моменти од нивниот живот во прегратка биле Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. Така биле пронајдени телата на двајцата кои починаа во хеликоптерска несреќа.
Како што тврди „ТМЗ“, според лице запознато со истрагата, полицијата ги пронајде прегрнати заедно. Истиот прв зборуваше за трагедијата со кошаркарскаата легенда минатата недела.
Во оваа трагедија загинаа уште седум лица, како и двајца соиграчи на Џиана во кошаркарската екипа на академијата „Мамба“, што беше основана заради неа од нејзиниот татко.
Синоќа Лејкерси, клубот во кој Брајант ги имаше најголемите успеси, го одигра првиот натпревар без Коби.