Фудбал
Брајтон во 90+9 минута го сруши Манчестер Јунајтед, дали е ова победа за Европа!?(ВИДЕО)
Екипата на Брајтон направи пријатно изненадување совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 1:0. Голот за победа го постигна МекАлистер со гол од пенал во 90+9 минута. Оваа победа може да се каже дека не е случајност, бидејќи екипата на Брајтон игра одлично оваа сезона. Во моментов се наоѓаат на шестото место со 56 бодови, позиција која носи пласман во Лига Европа.