Connect with us

Фудбал

Брајтвајт: Поминав две години во инвалидска количка и сега играм за Барселона

Данскиот напаѓач Мартин Брајтвајт дебитираше минатиот викенд во дресот на Барселона каде неодамна пристигна од Леганес.

На изненадување на многумина, Брајтвајт потпиша договор со Барселона каде пристигна како замена за повредениот Оусман Дембеле. Барса за него плати 18 милиони евра, а тој во своето деби против Еибар покажа дека може да биде достојна замена за Дембеле.

Во интервју за шпанските медиуми, тој призна дека не можеше да верува во тоа кога агентот му рекол дека Барса е заинтересирана за него. Тој рече дека тоа е остварување на сонот по многу пречки што ги имаше во неговиот живот.

Брајтвајт откри дека како дете имал тешка повреда на бутот што го натерало да помине две години во инвалидска количка и дека тоа можеби е најлошиот период од неговиот живот.

„Морав да седнам во инвалидска количка две години затоа што имав повреда на бутот. Морав да се одморам и не можев да ги истегнам нозете, а за дете кое сака да игра фудбал тоа е најлошото нешто“, рече Брајтвајт, откривајќи како се чувствувал кога станал Играч на Барса.

„Кога се видов во огледало со грбот на Барселона, тоа беше неверојатно. Го исполнив мојот сон да играм за клуб како Барселона и сега ќе дадам се од себе за да покажам дека клубот не направил грешка што решил да ме донесе“.