Connect with us

Фудбал

Братот на Чави го смири играчот на Барселона кој збесна што не игра повторно

Барселона синоќа на домашен терен ја победи Мајорка и се врати на второто место во Ла Лига.

Каталонците сакаат што поскоро да обезбедат пласман во Лигата на шампионите, а синоќешната победа против Мајорка ќе значи многу за тимот по трите последователни порази на домашен терен.

Барселона успеа да победи со 2:1 против Мајорка, која се бори за опстанок, но повторно играта на каталонскиот клуб не изгледаше најдобро. Сепак, најважно за Чави е што неговиот тим успеа да постигне три бода.

Дека атмосферата во соблекувалната на Барселона не е најдобра во последно време се виде и по синоќешниот натпревар.

Имено, во центарот на вниманието беше Траоре, кој ниту синоќа не доби шанса за настап. Адам беше крајно лут по натпреварот, а братот на Чави, Оскар, мораше да реагира.

Откако играчите кои не играа синоќа одработија полесен тренинг, Оскар му пријде на Траоре и имаше долг разговор во кој братот на Чави се обиде да го смири играчот на Барселона кој беше крајно исфрустриран.

Траоре во Барселона игра како позајмен од Вулверхемптон, а блесна во дресот на Барса уште при доаѓањето, а потоа го загуби местото во стартниот состав, што очигледно неизмерно го мачи.

Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе изгледа јасно дека Барселона нема да го откупи договорот на Траоре на крајот од оваа сезона.