Фудбал
Братот на Погба: Секој знае дека Пол сака да го напушти Манчестер Јунајтед
Продолжува далечинското вербално соочување помеѓу Мино Рајола и Оле Гунар Солскјаер. Во центарот е Пол Погба. Никој не се спасува од удари и тврди зборови. Синоќа агентот го нападна тренерот на „црвените ѓаволи“ преку социјалните медиуми, фрлајќи „сол на отворена рана“. Норвешкиот тренер, на прес-конференцијата по натпреварот против Челзи, одговори на создадената контроверзија, изјавувајќи дека агент сака да биде „главен наслов на медиумите“.
„Претпочитам да не коментирам, луѓето го кажуваат тоа што сакаат преку социјални мрежи. Дури и само за да бидат ’главен наслов во медиумите’. Не треба да кажам ништо или да коментирам“, рече Солскјер.
Рајола зборуваше за „TalkSport“, велејќи дека зборовите на тренерот на Манчестер Јунајтед биле навредливи. Тој потврди дека, по ова лето би можел да разговара со клубот за иднината на Погба.
„Пол размислува само за Манчестер Јунајтед, сè уште по Европското првенство. Целта сега е да се опорави брзо од повредата и добро да ја заврши сезоната. По Европското првенство ќе разговараме со клубот. Она што го кажа Оле нема логика, тој ме навреди кога рече дека им го нудам Погба на другите тимови без дозвола“, рече агентот на Погба
Братот на Погба, Матијас, во интервју за „ТВ Chiringuito“, исто така изјави дека Пол сака да ги напушти „црвените ѓаволи“.
„Секој знае дека Пол сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Тој сака да игра во Лигата на шампионите и да освојува титули. Сите знаеме дека тоа не може да се случи со Манчестер Јунајтед“.