Кошарка
Браун со рекорд во НБА лигата, најмногу поени за 20 минути од сезоната 1954/55

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун ноќеска постави рекорд во НБА лигата. Тој на дуелот со Кливленд (141:103) за 19 минути и 14 секунди постигна 33 поени.
Според официјалниот Твитер на најсилната лига на светот, 24-годишниот Американец го има најдобриот резултат за 20 минути од сезоната 1954/55, кога беше воведена дигиталниот временска бројач.
Браун беше најефикасен играч на натпреварот на кој придодаде уште три скока и една асистенција.
По оваа победа, Бостон се искачи на третото место во Источната конференција со досегашен биланс од девет победи и шест порази.
НБА резултати:
ТОРОНТО – ИНДИJАНА 107:102
ОКЛАХОМА – ЛА КЛИПЕРС 100:108
КЛИВЛЕНД – БОСТОН 103:141
ШАРЛОТ – ОРЛАНДО 107:104
ВАШИНГТОН – САН АНТОНИО 101:121
АТЛАНТА – МИЛВОКИ 115:129
ЊУЈОРК – ПОРТЛАНД 113:116
