Кошарка
Браво за федерацијата: Купот се именува во „КУП Благоја Георгиевски-Буштур“
Управниот Одбор при Кошаркарската федерација на седницата одржана на 11. март (среда), 2020 година, во просториите на хотелот „Елса“ во Скопје ги донесе следните заклучоци:
Куп натпреварите кои се одржуваат секоја година и се дел од календарот на федерацијата, да се именува како “КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти, а притоа остави големо спортско наследство на сите понатамошни генерации.
Ова се другите заклучоци:
*Се донесе едногласно, одлука, целиот добиен износ од продажба на влезните билети од натпреварот Македонија – Естонија кој се одигра на 20.02.2020 година, во А1 Арената „Борис Трајковски“ да се донира во добротворни цели. Средствата ќе се распределат согласно со поединечни потреби-барања, односно со посебна одлука на генералниот секретар на КФСМ, а по утврдување на основ за реализација на донациите од страна на федерацијата.