Connect with us

Ракомет

Бразил и го зеде скалпот на Хрватска

Ракометната репрезентација на Бразил го приреди најголемото изненадување во главната групна фаза на Светското првенство во Германија и Данска, откако во Келн и го нанесо првиот пораз на Хрватска. „Кариоките“ го совладаа тимот на Лино Червар со 29-26 (17-13) и ја замрсија групата.

Најдобри стрелци во хрватскиот табор беа Дувњак со шест и Степанчиќ, Хорват и Штрлек со по пет гола, а кај Бразилците се истакнаа Лангаро со девет и Боргес со пет гола.

Франција и Исланд вечерва ја затвораат програмата на денешниот ден во „Ланксес Арена“.