Фудбал
Брегалница броеше до 11, Македонија ЃП го елиминираше Варда, Работнички подобар од Шкендија
Попладнево на фудбалските терени беа одиграни мечевите од 1/16 финалето од Купот на Македонија. Од поинтересните дуели ги издвојуваме оние на Македонија ЃП и Вардар. Тимот од Ѓорче Петров славеше со 1:0 и ги продолжува натпреварите, додека Вардар своето учество во Купот оваа сезона го заврши. Стрелец на единствениот гол беше Алији во 63-тата минута.
На вториот меч, Работнички беше подобар од Шкендија со 3:2. Стојановски во 9-та, Гандо, 49-та и Мацари 54-та беа стрелци за Работнички, додека на спротивната страна погодија Цаке во 16-та и Елези во 63-та.
Резултати Куп на Македонија
Брера Струмица – Гостивар 0:0 (5:4 на пенали)
Брегалница – Јанг Трим Струга 11:0
Пелистер – Тиквеш 0:1
Работнички –Шкендија 3:2
Шкупи – Охрид 4:0
Силекс – Башкими 3:2
Вардар – Македонија ЃП 0:1
Воска Спорт – Струга Трим Лум 0:0 (4:1 на пенали)