Connect with us

Фудбал

Бреша поведе и доживеа дебакл, Торино славеше против Болоња

На сите три денешни натпревари од 19. коло во италијанската Серија А, домашните екипи славеа.

Тешка, но заслужена победа издвојува Фиорентина над СПАЛ, со голот на Пезел во 82. минута. По овој триумф, Фиорентина е во сигурната зона, но пред СПАЛ е вистинасак борба за опстанок.

Бреша го отвори резултатот со гол во 12-та минута, но доживеа дебакл од Сампдорија до крајот. Линети и Јанко го свртија резултатот на полувремето во корист на Сампдорија, која дава уште три гола до крајот на натпреварот.

Два гола постигна искусниот Кваљарела и еден од Капрари, само две минути откако влезе во игра.

Торино ја совлада Болоња со 1:0 со гол од Беренгер од 11. минута и се искачи на седмата позиција со 27 поени, додека Болоња се наоѓа на 12. место со 23 поени.

Претходно Удинезе го совлада Сасуоло на домашен терен, а головите ги постигнаа Окака во 14. минута, Сема во 68. минута и Де Паул во 90+1. минута од натпреварот.